На денешен ден започна судскиот процес против една од најголемите медицински трагедии во историјата

Кога ни е потребен лек за нешто сите се ослонуваме на медицината, очекуваме да ни помогне, а не да ги направи работите полоши, но за жал еден дел од историјата сведочи за вакво нешто.

Талидомид е седатив кој започнал да се употребува во доцните 1950-ти. Се користел и како лек за третман на лепра. Бил продаван во повеќе земји од 1957 до 1961, кога бил повлечен од пазарот откако било откриено дека предизвикува дефекти кај неродени деца. Ова претставува „една од најголемите медицински трагедии во модерното време“. Во 1968 година започнал судскиот процес на група родители против компанијата „Дистилер“, која го произведувала лекот „талидомид“.

Од лек до уништување на иднината на државите

Лекот се користел за повеќе намени, како третман за лепра, рак и слично и имал неколку несакани ефекти како на пример поспаност, осип и вртоглавица. Но, никој не очекувал дека вистинскиот негативен ефект ќе се забележи откако ќе се родат децата.

Откако германски весник објавил дека Талидомид е веројатната причина за мистериозниот бран на бебиња со инвалидитет родени во Германија од 1958 година, производителот на лекот, Чеми Груентал, го прекинал производството и ги забраниле сите лекови кои содржат Талидомид. Неколку дена подоцна, британскиот носител на лиценцата на Талидомид, Дистилер го направил истото, но било предоцна, штетата веќе била направена.

Талидомид има силни седативни својства и многу жени во раните недели од бременоста го земале за да си го олеснат утринското мачно заболување, потполно несвесни дека неговиот ефект врз нероденото дете може да „формира чудовиште“.

Екстремитетите не можат да се развијат правилно, во некои случаи и очите, ушите и внатрешните органи. Никој не знае колку спонтани абортуси предизвикал лекот, но се проценува дека само во Германија се родиле 10.000 бебиња погодени од талидомид. Многумина биле премногу оштетени за да преживеат долго.

Што се случило со бебињата погодени од лекот?

Денес помалку од 3.000 сѐ уште се живи во Германија. Во Велика Британија, има околу 470. Меѓу скоро 50 погодени земји се и Јапонија (приближно 300 преживеани), Канада и Шведска (повеќе од 100) и Австралија (45). Владата на Шпанија неодамна призна дека лекот некогаш бил дистрибуиран таму. Никој не знае колку бебиња, а сега возрасни луѓе погодени од лекот има во Шпанија.

По 1961 година, лекот не исчезнал – медицинските истражувачи откриле дека може да биде исклучително ефикасен во одредени третмани. Требало да се преземат строги мерки на претпазливост, особено кај жени пациенти на возраст за раѓање деца. Но, за жал, во Бразил, каде што лекот е широко користен во лекувањето на одредени симптоми на лепра, сега постои друга, помлада генерација на преживеани деца со инвалидитет од Талидомид.

По судскиот процес со „Дистилер“ децата родени со деформитет поради лекот на годишно ниво добиваат по 63.000 долари. Но, за жал во другите земји добиваат многу помалку или воопшто не добиваат ништо. Од денешните 6.000 проценети преживеани ширум светот, скоро половина спаѓаат во договорот за компензација во Германија. Тоа во моментов обезбедува годишно максимум околу 13.500 евра, што не ги покрива потребите на оние со повеќе недостатоци на екстремитетите. Многумина немаат независен приход и бараат постојана грижа.

Мрачна поврзаност со Нацистите

Груентал го патентирал Талидомид во средината на 1950-тите. Но, поновите истраги потврдија дека германското име – Контерган – било во сопственост на француската фармацевтска компанија Рона-Полен, за време на раните 1940-ти, кога тоа навистина било под нацистичка контрола.

Исто така сега стана јасно дека Груентал бил дел од повоената мрежа на германски научници и бизнисмени кои играле главни улоги за време на нацизмот. Веднаш по војната, на пример, Груентал го вработил д-р Хајнрих Муектер како главен научник, кого го барале во Полска под обвинение за воени злосторства откако извршил медицински експерименти во затворски логори, при што стотици затвореници можеби починале. Тука се отвараат и теории на заговор за тоа дали лекот бил намерно пуштен во употреба за да ја предизвика оваа штета?

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.