На денешен ден земјоделци ја пронајдоа најуникатната „војска“ во светот
Теракотната војска е откриена на 29 март 1974 година од група земјоделци. Жанг Жифа и неговите пет браќа и соседот Ванг Пужи копале бунар приближно 1,5 километри источно од гробницата на Царот Ќин Ше Хуанг, кај планината Ли ( Лишан).
Тие ги пронашле парчињата и ова откритие ги поттикнало кинеските археолози, вклучително и Жао Кангмин, да истражат, откривајќи ја најголемата групна грнчарија некогаш пронајдена. Оттогаш е изграден музејски комплекс над областа, најголемата јама е затворена со кровна конструкција. Теракотната војска остана недопрена под земја повеќе од 2.200 години. Еве неколку интересни факти за неа кои што ни ги немаат кажано на часовите по историја.
10. Ниту една не е иста, сите имаат специфични црти на лицето и комплетен изглед

9. Се опишува како 8-мо Светско чудо
8. Музејот има три дела: Во првиот дел, најголем има околу 6.000 теракотни војници со само околу 2.000 се изложени

7. Биле потребни над 700.000 работници кои работеле 40 години за да ја завршат војската
6. Ова е само почеток! Гробницата е огромна и има уште теракотни војници кои треба да бидат откриени

5. Конструкцијата започнала кога имераторот имал само 13 години
4. Неодамнешните ископувања откриле и теракотни акробати, музичари и птици.

3. Војниците биле повисоки од модерните кинески луѓе. Војниците се со висона од 180-190 сантиметри и мал дел од по 2 метри.
2. Фигурите некогаш биле во боја и археолозите вложуваат напори да ги сочуваат сите траги од боја кои ќе ги најдат.

1. Најголемата мистерија допрва треба да се открие: гробот на императорот, кој допрва треба да се отвори.
