На Гренланд, за првпат во документираната историја, се случи чудо кое укажува на голема закана за животот на Земјата

За првпат во документираната историја, наместо снег, на врвот на ледената капа на Гренланд, падна дожд.

Температурите на врвовите на ледените карпи обично се многу под нулата, така што врнежите дејствуваат како остар знак за светската климатска криза.

На врвот висок 3.216 метри паѓаше дожд цел ден на 14 август, но научниците не беа во можност да ги измерат врнежите бидејќи појавата беше толку неочекувана и експертите не беа потготвени.

Научниците од Националната научна фондација на САД немаа мерачи за мерење на количината на дождот што падна тој ден затоа што очекуваа снег.

Дождот се случи за време на жешкиот бран во Гренланд, кој траеше три дена. Зголемувањето на температурата резултираше со топење на целиот остров, топењето зафаќа површина од околу четири пати поголема од Велика Британија.

Меѓувладиниот панел за климатски промени рече дека климатската криза е „недвосмислено“ предизвикана од човечки активности, со емисии на јаглерод што предизвикуваат планетата да се загрее, што резултира со инциденти како што се топење на мразот и зголемување на нивото на морето.

Доколку се стопи целиот мраз на Гренланд, глобалното ниво на морето ќе се зголеми за шест метри, според Националниот центар за податоци за снег и мраз. Меѓутоа, за да се случи ова ќе бидат потребни векови или милениуми.

Од 1994 година, мразот што се стопи од Гренланд го зголеми нивото на морето и ги загрози крајбрежните градови во светот. Нивото на морето веќе се зголеми за 20 см и се смета дека до крајот на векот, ќе се зголеми за уште 28-100 см, можеби дури и 200 см.

Научниците проценуваат дека мразот на Гренланд се топи побрзо од било кога во изминатите 12.000 години. Во 2019 година, мразот на Гренланд изгуби дури и рекордни 1 милион тони мраз во минута.