На исцрпена мајка на четири деца ѝ требало одмор па одлучила да повика полиција – никој не сака да признае колку може да боли мајчинството

Кога Кели Грајмс, мајка на четири деца од Јута, се јавила на 911, не станувало збор за криминал или медицинска итна состојба. Тој момент на очај открива колку тешко е понекогаш да се биде родител и колку опасен може да биде заморот кој не престанува.

На исцрпена мајка на четири деца ѝ требало одмор па одлучила да повика полиција - никој не сака да признае колку може да боли мајчинството

Осаменоста и исцрпеноста – борба која трае со недели

Таа била сама дома со нивните мали деца затоа што нејзиниот сопруг работел доцна. Веќе со недели немала спиено повеќе од два часа во низа, а бил речиси 22 часот, вечерата не била сервирана и нејзиниот најмал син почнал да јаде саксиско растение. „Се чувствував како се да ме удри одеднаш. Бев потполно истрошена по неколку месеци со многу малку сон“, раскажува Кели за Дејли Мејл. „Бев исцрпена на секое ниво… физички, ментално и емоционално.”

Осаменоста и исцрпеноста – борба која трае со недели

Непреспани ноќи и страв: двајца синови со дијабетес

Грајмс објаснува дека две од нејзините деца неодамна добиле дијагноза за дијабетес тип 1, што го зголемило секојдневниот стрес. „Деновите и ноќите ми беа преполни со аларми, мерења шеќер, постојан страв и одговорност што никогаш не престануваше”, вели таа. „Ми се чинеше дека мојот нервен систем е постојано во состојба на паника. Чувствував празнина и преплавеност.“

Моментот на колапс: дете се гуши со земја од саксија, мајката разбира дека повеќе не може сама

Таа раскажува дека нејзиниот 15-месечен син почнал да јаде земја од саксија и почнал да се гуши. „Се справив со моменталната ситуација и повикав брза помош, но кога сè се смири, сфатив дека не сум добра. Ми требаше веднаш помош и поддршка“, вели таа. Затоа таа се јавува на бројот за итни случаи и му кажува на операторот: „Јас сум итниот случај.”

Полицајци на врата наместо обвинение – гушење и солзи

Операторот останал на линија додека полицијата не пристигнала. Кога конечно дошле, прво се увериле дека сите се безбедни, а потоа ѝ дозволиле на Кели да се исплаче додека ја држат за рамото и слушаат сè што ја мачи. „Еден од спасувачите ми дозволи да ја потпрам главата на неговото рамо додека плачев. Сите беа таму за мене, седеа и слушаа сè што ме притискаше.“ Кога се смирила, полицијата организирала кризен терапевт што ќе ја следи нејзината состојба наредните денови. Потоа тие заминале, а таа продолжила со најобичните мајчински задачи: вечера, капење, деца во кревет.

Промена што останува

Иако изгледало како ништо посебно, Кели вели дека тој повик променил сè. „Внатрешно, сè се смени. Јас и мојот сопруг сфативме дека не можеме сè сами и почнавме да дозволуваме луѓе да ни помагаат, дури и со мали, секојдневни работи. Некогаш тоа се работи како да ни завршат некоја обврска или да ги земат децата од училиште. Другпат, семејството учи како да се грижи за нашиот најмлад, чии медицински потреби се предизвик и за професионалци.“ Денес Кели вели дека е на многу постабилно место и е посвесна за своите граници. „Не се чувствувам повеќе како да го носам целиот товар сама. Сега знам дека луѓето ќе се појават, дури и за најмалите работи, и тоа прави огромна разлика.“

Јавно соочување и глобална поддршка: ‘Ја повикав полицијата за себе’

Кели неодамна сподели фотографија од пристигнувањето на полицијата на социјалните мрежи со зборовите: „Го повикав полицијата за себе.” Реакцијата била поддржувачка – илјадници родители низ светот се препознале во приказната. Таа признава дека се плашела дека ќе биде осудена или погрешно разбрана, но сепак решила да сподели: „Го споделив видеото затоа што знам дека има и други згрижувачи што се чувствуваат преплавени и изолирани, и сакав да видат дека не се сами во тоа.“ “Никогаш не замислував дека толку луѓе ќе се пронајдат во мојата приказна… Сите ние поминуваме низ нешто свое.“

Вистинската храброст: Кога љубовта не е доволна – барај помош, бидејќи си човек

Најпосле, таа порачува дека секој може и треба да побара помош: „Длабоката љубов кон твоите деца не те штити од претерана преумореност. Да побараш помош не значи дека не си способен, туку дека си човек. А понекогаш, најхрабро нешто е да признаеш дека ти е потребна поддршка.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *