На Кинез му дошло преку глава од сите и одлучил да си направи дом во карпа
Запознајте го г-дин Тигар. Да, така тој самиот се нарекува. И како вистински ѕвер, тој реши да живее далеку од луѓето. За засолниште избра пештера. Но, не, тој не е луд. 35-годишниот Кинез едноставно е уморен од вревата во градот, а животот во селото не му се допаѓа. Затоа, тој одлучи да ја претвори пештерата во пријатна куќа. И тој го стори сам. Тој се снабди со електрична енергија, вода и, генерално, даде се од себе. За шест недели, градителот ја направи првата просторија – сè што му требаше беше дупчалка и некој едноставен алат Своите дела ги објави на YouTube каналот Quantum Tech HD.





