На Кинезите не им доаѓа памет! Над 20.000 кинески туристи останаа заглавени на туристичко место, сред пандемија

Десетици илјади кинески туристи се собраа на популарниот планински венец во текот на викендот, откако повторно се отвори за време на пандемијата на коронавирус. Хуангшан беше принуден да се затвори вчера, откако нејзините патеки беа преплавени од повеќе од 20.000 посетители.

Ова се случи кога локалната власт на провинцијата Анхуи во источна Кина понуди бесплатен влез на 29 сценски места, вклучително и Хуангшан, за привлекување туристи.

Хуангшан, познати и како Жолтите планини мораа да бидат затворени откако се надмина дневниот лимит на посетители кој изнесува 20.000. Тие исто така ги повикаа туристите да посетуваат други места или да се вратат друг ден. Големиот кинески ѕид неодамна повторно се отвори откако беше напуштен со недели со стравувањата од ширење на вирусот.

Другите реномирани туристички атракции, вклучително и Западното Езеро, Армијата Тера Кота и Палатата Потала, исто така, ги отворија своите врати. Сепак, Шангај Дизниленд и Забранетиот град остануваат затворени.

Посетителите се замолени да го покажат својот здравствен статус на своите телефони, да носат маски за лице и да им биде измерена температурата по пристигнувањето.