На која возраст треба да вежбаме повеќе за да го намалиме ризикот од деменција?

Сè повеќе истражувања укажуваат на тоа дека физичката активност може да игра клучна улога во заштитата на мозокот од болести како Алцхајмер. Иако деменцијата најчесто се појавува по 65-тата година, експертите велат дека промените во мозокот можат да започнат многу порано — па затоа е важно да се преземат превентивни чекори уште од средовечна возраст.

 

На која возраст треба да вежбаме повеќе за да го намалиме ризикот од деменција?

Клучниот период: Вежбањето меѓу 45 и 65 години прави разлика

Истражување објавено во списанието „Alzheimer’s & Dementia“ следело 337 когнитивно здрави возрасни лица во период од четири години. Истражувачите од Институтот за глобално здравје во Барселона и Центарот за истражување на мозокот „Barcelonaβeta“ откриле дека оние што ја зголемиле физичката активност на околу два и пол часа неделно, во возраст од 45 до 65 години, имале помала веројатност да развијат наслаги од токсичниот протеин амилоид — кој се поврзува со Алцхајмерова болест.

Исто така, кај овие испитаници биле забележани позабележителни промени во деловите од мозокот поврзани со меморијата, односно поголема дебелина на кортексот — што укажува на подобра ментална состојба. Интересно е што дури и умерена физичка активност, под препорачаното ниво, покажала позитивни ефекти според експертите.

 

Клучниот период: Вежбањето меѓу 45 и 65 години прави разлика

Не е до совршен план – секое движење помага

Светската здравствена организација препорачува најмалку 150 до 300 минути умерена физичка активност неделно за возрасни. Но истражувањето покажа дека и оние што вежбале помалку од тоа имале подобри резултати од целосно неактивните луѓе.
Докторката Муге Акинџи, коавторка на студијата, истакнува: „Дури и минимална активност има здравствени придобивки“.
Значи, ако мислите дека само решавање судоку ќе ве одржи ментално остри – време е да додадете и некој чекор плус. Вашиот мозок ќе ви биде благодарен.

 

Не е до совршен план – секое движење помага

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *