На маж од Шкотска му ја зеле возачката само затоа што бил мрза, што дури и нас ни падна криво. Не правете ја истата грешка оваа зима

Дејвид Хислоп (54) од Шкотска бил запрен од полицајците во декември 2022 година. А минатата недела судот го обвини за сообраќајни прекршоци и беше осуден за опасно возење.

Хислоп доби 12-месечна забрана за возење и парична казна од 600 евра. Полицијата во Шкотска објави слики од неговото сино комбе по неговото осудување. Тие ги прикажуваат прозорците и шофершајнбата покриени со мраз.

 

 

Полицијата на Шкотска Дамфрис и Галовеј ја објавија фотографијата од неговото ветробранско стакло на својата Фејсбук страница, при што еден корисник ја опишува како „целосно лудило“. Изгледа корисникот не бил во Македонија…

 

 

 

Полицијата сега ги повикува луѓето да се осигураат дека нивните автомобили се правилно одмрзнати пред да излезат на патиштата.

Инспекторот Гевин МекХалум рече: „Како што се движиме кон зимските месеци и падот на температурите, се надевам дека овој случај делува како потсетник за важноста да се осигураме дека вашето возило е во безбедна состојба за да се вози по нашите патишта. Апсолутно е од витално значење да нема снег или мраз на вашите прозорци пред да тргнете, затоа ве молиме одвојте време правилно да го исчистите вашето возило. Доколку не можете јасно да видите, се ставате себеси и другите на патот на ризик“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *