„На мојот маж на смртна постела му ја исполнив последната желба- да ја родам ќерка му пред тој да почине. Она што следуваше потоа е вистински хорор…“

Мајка го родила своето бебе порано од предвиденото за да може нејзиниот партнер да ја запознае нивната ќерка само два дена пред да почине од рак на бубрегот.

Беки Хантер била воодушевена што Џејми Хантер (38) имал шанса да ја земе ќерката Харпер-Меј кога се родила во мај 2020 година.

 

 

За Џејми, да се биде татко било „сѐ што сакаше“ и кога Беки била во осмиот месец од бременоста, таа си поставила за цел да се погрижи нејзиниот партнер да го види раѓањето на Харпер.
Таа го родила бебетопо рано и Џејми, учител и фудбалски тренер, можел да се поздрави со својата ќерка, но за жал починал два дена подоцна.

Мајката на шест деца во тага потоа морала да издржи двегодишна битка за името на Џејми да биде запишано во изводот на нивната ќерка.
Процесот ја чинел 5000 долари и предизвикал голема болка – сето тоа затоа што не биле во брак.

 

 

Беки, која го сменила презимето од Флинт непосредно пред да умре Џејми, морала да оди кај адвокати и да организира да се земат примероци од ДНК од нејзиниот починат партнер и нејзиното новороденче.

Телото на Џејми било преместено од  болницата „Хартлендс“ во Бирмингем, што значи дека таа не можела да оди да го види три недели.

 

 

 

Беки потоа морала да се сретне со социјалните служби и да се појави на суд за да го изнесе својот случај зошто го сака Џејми на изводот на родените.

„Морав да договорам компанија од Лондон да земе примерок од ДНК од Џејми. Тоа значеше дека не ми беше дозволено да одам да го видам во капелата со недели, во случај да не го контаминирам телото“.
Мајката објаснила дека ДНК ќе требала да се земе од братот на Џејми доколку не ја земат од него.

 

 

Беки вели: „Не беше убаво ниту за Харпер. Имаше само три недели и влегоа сите маскирани да и земат примерок. Но, тоа беше само дел од сагата“.

Конечно го имала документот во рака, со името на Џејми на него, во јули 2022 година, повеќе од две години по раѓањето на Харпер-Меј на 11 мај 2020 година.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *