На момчето му се допаднала девојката од соседната зграда, но бидејќи се во карантин, мораше да смисли нешто креативно

Со милиони луѓе во моментот во карантин или практикуваат социјално дистанцирање во обид да се справат со пандемијата на коронавирус, некои го користат како причина да ја запознаат љубовта на својот живот. Очигледно, сè што вклучува контакт лице-в-лице е строго исклучено во границите во наредните недели, но тоа не спречило еден човек да си ја проба среќата.

Џереми Кохен од Бруклин видел девојка како танцува на покривот на зградата од спротивната страна на улицата. Тој првин ја поздравил, но сакал да дознае повеќе за неа. Така го земал дронот, лист и пенкало и го напишал неговиот број. Шокираната девојка гледала како дронот со лист се движи кон неа. Откако го добила бројот наскоро му пишала и почнале да се допишуваат. Џереми вели дека ќе одат на „вируелен состанок“ со надеж дека кога сѐ ќе заврши ќе се запознаат и во живо.