„На нашиот прв состанок се заљубивме лудо еден во друг, јас имав 52, а таа 29“, Брус Вилис докажува дека љубовта може да ја пронајдете на било која возраст
Брус Вилис беше во брак со Деми Мур, со која имаше романса како од бајките. Меѓутоа, подоцна во нивниот брак, тие сфатија дека не се согласуваат добро повеќе и се разведоа откако поминаа 13 години заедно. Вилис ги поминува следните 10 години од својот живот соло, мислејќи дека не му треба жена покрај него за да биде среќен – сè до еден ден, кога Ема Хеминг влегла во неговиот живот и му го докажала спротивното.
Брус и Ема се запознале во теретаната на нивниот заеднички тренер во 2007 година

Тоа било како судбината да ги споила, затоа што тие веднаш се согласувале за било што. Првиот впечаток на Ема за Брус бил дека е шармантен, забавен и исклучително убав човек. Брус, од друга страна, веќе бил заљубен во неа, уште на прв поглед.
Бил потребен само еден состанок за да процвета нивната романса

Ема никогаш порано не сакала да оди на романтични состаноци, никогаш не се состанувала пред тоа, бидејќи била личност која сакала стабилна врска, а тоа не бил начин на којшто можела да ја пронајде. Но, кога Брус ја замолил да излезат, таа решила да се обиде и да види каде ќе ја однесе.
„Отидовме на еден состанок и веднаш потоа лудо се заљубивме“, откри Брус . „Кога размислувате каде ќе ја најдете таа голема љубов на вашиот живот, ретко мислите дека тоа е некој што веќе го познавате. Мислите дека тоа е некој што допрва треба да го запознаете“, додава тој.

Иако помеѓу нив има 23 годишна разлика, двојката ја поврзуваат многу заеднички работи

Кога се венчале во 2009 година, Брус имал 54, а Ема 31. Ова не било проблем за нив, а секој изминат ден тие докажуваат дека годините не се ништо друго освен бројка кога станува збор за вистинската љубов. Неодамна, парот ја прослави својата тринаесетта годишнина од бракот, а за таа прилика, Ема објави фотографија од неа и Брус на денот на нивната венчавка, со насолзени очи поради нивните свадбените говори.

Тие се сакаат толку многу што не сакаат да поминат ни минута разделени. „Слушам дека толку многу луѓе во врска велат: „Ми требаат само неколку дена, па дури и еден час насамо“, вели Брус. „Но, јас воопшто не сакам да бидам подалеку од Ема. Тоа е најуникатната врска што сум ја имал во животот“.

Денес тие имаат две ќерки заедно, Мејбел (10) и Евелин (8).
Взаемната почит и смислата за хумор е тајната на нивниот брак

Ема верува дека од првиот ден, таа и Брус имале голема почит еден кон друг, а тоа им помогнало да изградат силна основа за нивната врска. А јаготката на шлагот е тоа што Вилис е смешен и паметен и секогаш ја смее. „Треба да продолжите да се смеете бидејќи ако престанете, ќе имате некои проблеми“, откри таа.

Ема совршено се вклопува во првото семејство на Брус, па сега личат на едно мало племе

Ема ги запознала ќерките на Брус кои ги има од бракот со неговата поранешна сопруга Деми Мур – Румор, Скаут и Талула – на почетокот на нивната врска. Најпрво била нервозна затоа што била свесна колку ситуацијата мора да биде чувствителна за девојките, но за среќа, било одлично уште од првиот ден. „Навистина сум благословена“, вели таа.
Ема исто така е во добри односи со Деми Мур, па дури и се нарекуваат пријатели и сестри. Како што изгледа, од нивните објави на Инстаграм тие одлично се забавуваат кога се сите заедно.

Коментирај анонимно