На некои треба да им е забрането да имаат деца: Мајка имала тројка со двајца 13-годишни ученици во детската соба на нејзиниот син додека тој бил на училиште
36-годишна мајка е осудена на четири години затвор откако имала с*кс со двајца 13-годишници во спалната соба на нејзиниот син додека тој бил на училиште.
Натали Харис почнала да испраќа сексуални пораки до еден од учениците на Snapchat пред да ги покани и двајцата на нејзината адреса.
Во тотално непочитување на секој морален компас, мајката на шест деца развила „опсесија за с*кс со млади момчиња“ и сакала „внимание“ по раскинувањетo, или барем така тврди нејзината адвокатка за да ја ублажи казната.
И покрај тоа што ги молела момчињата тоа да го чуваат во тајност, таа била уапсена откако низ нивното училиште кружело видео од тројката снимена од едно од момчињата.
Натали, од Ватерлувил, Хемпшир, плачеше на обвинителна клупа во четвртокот откако ѝ беше изречена казната од четири години, откако призна четири точки за сексуална активност со дете.
Мајка на едно од 13-годишните момчиња изјавила пред судот во Портсмут дека Харис „му го одзела детството“.
Обвинителот Метју Лосон рече дека и двете момчиња, кои не можат да бидат именувани од правни причини, имале 13 години во моментот на инцидентот што се случил во Ватерлувил, во близина на Портсмут, во ноември 2022 година.
Двете момчиња првично негирале вмешаност пред едно од нив на крајот да ѝ каже на нивната мајка. Лоусон рече дека Натали е идентификувана како жената на видеото преку нејзините карактеристични тетоважи на рацете.
Нејзиниот мобилен телефон бил запленет од полицијата и биле пронајдени пораки меѓу неа и едно од момчињата – кои таа го зачувала во нејзините контакти како Рејчел. Таа му рекла дека „не треба да кажува никому“ бидејќи може да оди во затвор.
Кажувајќи му на судот како момчето се одлучило да ѝ каже на својата мајка дека тој бил тој што го снимил видеото, г-дин Лосон рече: „Тој рече дека во ноември 2022 година, околу времето на Светското првенство, обвинетата почнала да му испраќа пораки на Snapchat. Тој рече дека пораките станале сексуални и ги поканила двете момчиња да одат кај неа дома. На двете момчиња им беше јасно дека одат таму за секс“.
Харис ги однела во собата на нејзиниот син, каде што имале секс околу 40 минути и заминале пред нејзиното дете да се врати од училиште. Таа беше уапсена и првично тврдеше дека „нема знаење“ за тоа која е жената на видеото.
Мајката на едно од децата вели дека нејзиниот син изгубл интерес за било какво хоби и паднал во депресија и сака само да седи дома.
„Срцето ми се кине, не можев да замислам дека ова ќе му се случи на мојот син – тој е дете. Натали целосно го преврте нашето семејство наопаку. Најлошото нешто во сето ова е што таа му го одзеде детството и никогаш нема да ѝ простам. Тој никогаш нема да го врати детството што му беше одземено. Ова ќе ни остане сега до крајот на животот“, рече таа.
Натали на која ѝ беше дијагностицирано биполарно и повеќекратно растројство на личноста – боледувала од „манична епизода“ – тврди нејзината адвокатка.
За ублажување, адвокатката за криминал Беренис Мулвани рече дека Натали е „длабоко каење“ и „уништена“ поради нејзиното однесување. Таа рече дека тоа било „предизвикано“ од раскинувањето со партнерот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Деца инаку кој нормален би легнал со оваа вештерка. А дека не е саглам се гледа од прво не треб посебни психо анализи.
Коментирај анонимно