На оваа мајка ѝ ги остраниле двете дојки пред да ѝ кажат дека била погрешно дијагностицирана со карцином
Во 2016 година, на 28-годишната Сара Бојл од Стоук-он Трент ѝ биле соопштени ужасни вести од лекарите во болницата Ројал Стоук. Имала троен негативен карцином на дојка за кој била потребна двојна мастектомија, како и хемотерапија.
Сепак, во јуни 2017 година, откако издржала неколку месеци „ужасна“ хемотерапија и ѝ биле отстранети двете дојки мајката на две деца била информирана дека лекарите направиле погрешна дијагноза.
Не само што нејзиното лекување за карцином било „непотребно“, туку можело да доведе и до проблеми со плодноста. Сара била исто така информирана дека реконструктивната хирургија може да го зголеми ризикот од развој на „вистински“ рак на дојка.
За среќа, Сара и нејзиниот сопруг Стивен (31) можеа да имаат здраво второ дете по третманот, Луис, која сега има една година. Како и да е, психолошките и физичките ефекти од нејзиното тешко искуство си го земале данокот.
„Да ви кажат дека имате карцином на таа возраст беше доволно тешко да се прифати. Но да ви се каже по неколку месеци ужасен третман дека сетоа тоа било непотребно е нешто со што не верувам дека некогаш ќе се помирам. Не ми останаа само физичките последици туку и менталното измачување низ она што го поминав. Погрешно дијагностицирање на карцином може да им го уништи животот на луѓето и некои луѓе можеби нема да имаат среќа да преживеат.“, вели Сара.
Откако дозна за сопственото погрешно дијагностицирање, Сара стапи во контакт со специјалисти адвокати за медицинска небрежност во Ирвин Мичел за да го испитаат случајот. Правните експерти беа во можност да обезбедат прием на одговорност од болницата.
Сара оттогаш се приклучи на правниот тим на Ирвин Мичел во поздравување на новите истражувања, објавени во „Nature“, кои сугерираат дека вештачката интелигенција (ВИ) е поточна од лекарите кога дијагностицираат карцином на дојка од мамограми.