На оваа мајка ѝ здодеало постојано да им се правда на луѓето зошто го носи своето дете во супермаркет

Пандемијата го буди најдоброто и најлошото кај луѓето. Додека некои луѓе се солидарни други избрзуваат со предрасудите и им судат на луѓето за „неправилното однесување“ за време на пандемијата. Мери Ан Фауси Ресендез ја носи 5-годишната ќерка со неа за да пазари во супермаркетот.

Мери веќе неколку пати се соочила со прекорувачки погледи па и навреди затоа што го загрозува животот на детето. Но, не е сѐ така како што изгледа. Мери е самохрана мајка и таа всушност нема да кого да ја остави својата 5-годишна ќерка, која не може да остане сама дома.

Таа стави знак на грбот на нејзината ќерка објаснувајќи зошто е надвор затоа што повеќе ѝ здодеало да им објаснува на луѓето. Приказната потоа ја соделила на Фејсбук, а многу луѓе ја подржале, особено самохраните родители кои се наоѓаат во слична ситуација како и Мери.

На листот залепен на грбот на малото девојче пишува: „Јас имам само 5 години. Не можам да останам дома сама затоа морам да купувам намирници со мама… пред да почнете да осудувате останете назад 2 метри.“