На оваа семејство среќата му се насмевна двапати откако првин освоија над 2 милиони евра, а потоа следеше уште поголемо изненадување
Џон и Алисон Мекдоналд, од Стоктон на Тејс, ги погодиле 6-те цифри нс „Lucky Dip“ ливчето и го добиле џекпотот на Националната лотарија кој целосно ќе им го промени животот.
Но, иако ги освоиле парите претходната година не била баш најдобра за нив бидејќи нивниот 15-годишен син Еван се борел со рак, односно не-Хочкинов лимфом.
Сепак среќата решила да го посети оваа семејство и да остане таму подолго време. Само три дена откако дознале за освоениот џекпот, добиле резултати од болницата во кои стоело дека Еван повеќе не боледува од рак. Родителите велат дека ова ги израдувало уште повеќе од добиените 2,3 милиони евра.
Г-ѓа Мекдоналд (49), која има уште две деца и три внучиња заедно со сопругот, вели: „И покрај освојувањето на лотаријата, знаевме дека ќе дојде повик што ќе ни каже за напредокот на Еван. Кога слушнавме дека неговите снимки се чисти тоа беше најневеројатниот момент. Беше подобро од освојување на парите Еван е на прво место за нас.“
Џон кој работел како обезбедување во фабрика и понекогаш работел и 70 часа неделно дал отказ како и неговата сопруга која работела како оптичар.