На овој човек му го украле телефонот, а откако го вратил назад сфатил дека необичниот крадец си правел фотосесија

20-годишниот студент по компјутерски науки Закридс Родзи, од Бату Пахат, Малезија, се разбуди едно утро кога откри дека неговиот телефон – кој бил веднаш до неговиот кревет – мистериозно исчезнал. Тој сега го видел целосниот обем на значењето „дрзок мајмун“, откако еден од нив очигледно влегол во неговата куќа среде ноќ, го украл неговиот телефон и продолжил да прави серија селфиња.

Закридс првин си помислил дека е ограбен, но му било премногу чудно како само телефонот исчезнал буквално до неговата глава. Тој не можел да претпостави каде му е телефонот, но неговиот татко му дал чуден, но интересен предлог.

„Татко ми рече дека тој ден имало мајмун кој играл низ куќата, па затоа решив да истражам, можеби е мајмунот.“, вели Закридс. Брат му постојано ѕвонел и кога Закридс излегол во дворот слушнал како телефонот ѕвони во џунглата близу до семејната куќа. И тука приказната станува интересна.

Откако го лоцирал телефонот, камен му паднал од срцето, но како што вели тој почнал „да се гуши од смеење“ откако ја отворил галеријата. Момчето сфатило дека мајмунот се впуштил во фотосесија и пронашол голем број на фотографии од палавото животно.