На овој човек му се случила сцена од хорор филмот „The Ring“ и пожарникари биле повикани да му го спасат животот

Се сеќавате на хорот филмот „The Ring“, кога малото злобно девојче Самара излегува првин од бунарот, а потоа и од телевизорот и ги убива луѓето? Епа мислиме дека го пронајдоа бунарот.

Се шегуваме, секако работата е прилично сериозна иако за среќа никој не претрпел посериозни повреди.

Кристофер Таун му помагаше на својот пријател да пренесе мебел во домот на Гилфорд, но неговото добро дело не помина наградено. Домот на пријателот бил изграден во 1843 година, а бил реновиран во 981 година со додаток на структурата. Додека Кристофер бил таму траело третото реновирање на куќата.

Една од простотиите имала стари даски, но Кристофер не бил свесен дека нешто се наоѓа под нив се додека не го слушнал звукот на кршење. Во тој момент, за миг, Кристофер пропаднал во бунар. Бунарот бил длабок 6 метри и полн со вода. Кога Кристофер сфатил дека не може да го почувствува дното се држел за страните на бунарот.

Пожарникарите велат дека бунарот некогаш бил надвор од куќата, но во некое од реновирањата завршил под неа. Бунарот бил покриен само со стари подни даски и немало капак на него.

Противпожарната служба Гилфорд пристигнала на местото на настанот и успеала да оствари вербален контакт со Кристофер, пред да испрати елек за спасување, а потоа и јаже за да го извлечат. Пожарникар се спуштил за да го прицврсти Кристофер за јажето.

Крис им е многу благодарен на пожарникарите, бидејќи иако не бил повреден поминал 25 минути во водата и покажувал знаци на хипотермија. Полицијата соопшти дека падот на Кристофер можел да биде фатален, но за среќа имал само полесни повреди.