На овој ден пред скоро 5 децении започнала најсмртоносната снежна бура во историјата
Серија снежни бури на крајот на јануари веќе биле насоберени над западен Иран. Поминувајќи од Азербејџан кон Иран помеѓу 3 и 8 февруари, снежната бура остави 7,9 метри снег, што е еквивалентно на зграда од 2 и пол ката. Ветерот и снегот резултираа во кршење на дрвјата и далноводите. Снегот закопа шини, патишта и многу села, покрај тоа што ги здроби возилата под неговата тежина.
Бура каква што никој не очекувал

Иранската снежна бура од февруари 1972 година е најсмртоносната снежна бура во историјата. Еднонеделен период на ниски температури и силни зимски бури, резултираше со смрт на приближно 4.000 луѓе. Бурите фрлија повеќе од 7 метри снег низ руралните области во северозападниот, централниот и јужниот дел на Иран.

Јужен Иран добил снег од околу 8 метри, закопајќи најмалку 4.000 лица. Според современите извештаи на весникот „Етелат“, градот Ардакан и околните села биле најтешко погодени, без преживеани во Какан или Кумар. На северозапад, близу границата со Турција, погребано е селото Шеклаб и неговите 100 жители.
Во екот на невремето, властите проценија дека регион кој го вклучува целиот западен Иран ќе биде под снег една недела. Снабдувањето со храна и лекови било многу тешко, а температурите паднале на -25 ° C со што преживувањето на жртвите станало скоро невозможно. Понатаму, епидемијата на грип започнала да ги погодува руралните области на почетокот на зимата, веќе одземајќи животи.
Село избришано од мапата

На 9 февруари, за време на 24-часовно затишје, спасувачките хеликоптери можеле да стигнат до дел од регионот. Каде што имало села, работниците за прва помош пронашле големи наноси. Како што ископувале почнале да наоѓаат замрзнати трупови. Во селото Шеклаб, тие извлекле 18 тела пред да падне друга снежна бура на 11 февруари. Спасувачките екипи биле принудени да се евакуираат.

Армиските хеликоптери оставиле зад себе два тони резерви, во форма на леб и урми, расфрлани по наноси од снег околу селата. Ова било направено со надеж дека жителите ќе можат да се снабдат себеси доколку можат да ископаат тунел од нивните локации. Но, за жал ова никому не му користело, затоа што како што пишавме погоре, ниту еден од жителите не преживеал.
На крајот, снежната бура од 1972 година избриша 200 села од картата и уби околу 4.000 луѓе.
