На прв поглед, совршена плажа… А под површината, едно од најголемите „гробишта“ во светот

Кога човек ќе помисли дека веќе видел се што постои и дека нема метар квадратен што не го прегазила туристичка нога, ова испливува – буквално. Некои атракции се скриени на дното на морето, а една од нив е лагуната Чук, позната и како Атол Трук.

Се наоѓа во Тихиот Океан и припаѓа на сојузните држави на Микронезија. Во современата историја, територијата била окупирана од Јапонците на почетокот на Првата светска војна, а на почетокот на Втората светска војна била окупирана од американските сили. Се подразбира дека овде имало турбулентни настани за оддалечена област во Пацификот.

А за тоа сведочи морското дно полно со потонати воени бродови и авиони. Само во 1944 и 1945 година, американската војска собори над 250 авиони и летала, како и повеќе од 50 бродови. Сето ова беше дел од воената операција Hailstone во која животот го загубија над 4.000 Јапонци.

Денеска овие потонати авиони и бродови се заштитени со закон и врз нив е забрането на каков било начин да се интервенира. Казните за ова се движат од плаќање на парична казна до одење во затвор.

Имено, на некого може да им текне да украде скапоцености од бродови – ова е стравот што се родил откако било забележано дека го нема ѕвоното од едно од пловилата. На крајот се испоставило дека еден од нуркачите само го префрлил ѕвоното на друга локација, но притоа оштетил дел од бродот.

Сепак, на туристите им е дозволено да нуркаат и да ја истражуваат оваа област. Поточно да ѝ се восхитуваат од безбедна дистанца. Гледана од воздух, лагуната Чук изгледа како тропски рај – тиркизен корален гребен опкружен со песочни плажи и прекрасни морски бои. Но, ако се нурнете под површината, би можеле да се исплашите од количината на „тела“ на војната. Ретко во светот може да се најдат толку многу урнатини на едно место.

Со бродовите и авионите потонале и куп мини, храна, алкохол, лекови… И денес повеќето од нив спијат недопрени на морското дно, обраснати со морска трева и алги, создавајќи богат екосистем. Затоа овие „воени гробишта“ станаа едно од најголемите подводни чуда во светот, како што го опишаа многу светски медиуми.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.