На рибниот пазар во Јакутск се продава само замрзната риба, затоа што свежа е физички невозможно да се понуди

Кога температурата надвор е -45, замрзнува сѐ, а камо ли свежата риба. Рускиот град Јакутск се наоѓа во источниот дел на Сибир, се простира на површина од 122 километри квадратни и има дури 280.000 жители, што е прилично многу ако ги земеме во предвид суровите услови во кои решиле да живеат.