На само 12 години, Ерик Финман се обложил со своите родители дека ќе стане милионер – и успеал
Наместо да тргне по традиционалниот пат на образование, младиот Ерик одлучил да се потпре на сопственото чувство за технологија и иднина – и тоа му се исплатело.
По облогот со родителите, Ерик го напуштил училиштето, позајмил 1.000 евра од својата баба и купил биткоин за само 10 евра по парче. Денес, како дваесетгодишник, поседува околу 450 биткоини, што според сегашниот девизен курс изнесува околу 3,6 милиони долари.
„Верувам дека секој може да стане милионер ако инвестира во блокчејн и биткоин“, изјави тој. „Ако не станете милијардер во следните 10 години – тоа е ваша вина.“
И покрај падовите на пазарот, Финман остана оптимист дури и за време на т.н. „крипто зима“, кога многумина панично продаваа.
„Најголемата грешка што новите инвеститори можат да ја направат сега е да излезат од пазарот и да ги продадат своите биткоини“, рече тој во јануари 2018 година.
Можеби ќе бидете скептични кон неговите прогнози, но не заборавајте: Ерик има осум години искуство во крипто тргување зад себе – повеќе од многу повозрасни инвеститори.
Според него, моменталните флуктуации на пазарот се минливи. Тој ја споредува крипто-индустријата со интернетот во раните 90-ти, а големите крипто-компании со „Амазон“, во која, тогаш, верувал речиси само Џеф Безос.
Финман верува дека неодамнешниот раст на пазарот се должи, пред сè, на трговската војна меѓу САД и Кина. Тој смета дека поради зголемената неизвесност, кинеските инвеститори сè повеќе се свртуваат кон криптовалутите, наместо да ги чуваат своите средства во национални валути.
…и пак со позајмени пари, а не со тешко заработени :/
…I pak day se iskonzumiralo parche gomno od ljubomora :/
Коментирај анонимно