На секој му треба одмор! Необични посетители ги преплашија туристите на плажа

Возрасна црна мечка и нејзините три младенчиња минатиот викенд ја посетија плажата Саут Лејк Тахо, каде избегале од жештината играјќи во вода, а луѓето кои биле на плажата тој ден останале во шок од глетката.

Бидејќи температурите се искачиле на 33 ° C во неделата, мечките максимално ја искористија својата околина, со три младенчиња кои се бореа во водата пред мајката да им се придружи. Пред да се врати во шумата сведоците велат дека мајката меча испразнила фрижидер.

Иако на почетокот биле преплашени, потоа глетката им изгледала симпатична. Сепак од канцеларијата на шерифот во округот Пласер предупредуваат дека е „многу опасно“ да се приближуваат до мечките.