На Севернокорејците им е забрането да се смеат во наредните 11 дена поради одбележување на „период на жалост“

Ким Џонг-ун наводно им забранил на граѓаните да се смеат во период од 11 дена на жалост.

Ако живеете во Северна Кореја, обична насмевка или гласно смеење може да има тешки последици.

На 17 декември се одбележуваат 10 години од смртта на Ким Јонг Ил, а за да ја одбележи оваа прилика, неговиот син Ким Џонг-ун донесе одлука со која на јавноста им забрани смеење и пиење алкохол цели 11 дена, вели граѓанин на земјата.

Граѓанинот за Радио Слободна Азија изјави и дека на 17 декември е забрането дури и купување намирници.

Периодот на жалост ќе трае 11 дена наместо вообичаените 10, бидејќи е 10-годишнина од смртта на Ким Џонг Ил.

Граѓанинот изјави:

„Во периодот на жалост не смееме да пиеме алкохол, да се смееме или да се занимаваме со слободни активности“.

Во минатото многу луѓе кои биле фатени како пијат за време на периодот на жалост, биле апсени и третирани како криминалци.

Жителот исто така истакна дека не можете да „плачете гласно“ дури и ако „член на вашето семејство умре во периодот на жалост“, и дека „телото мора да се закопа откако ќе заврши периодот на жалост“.

„Луѓето не можат да ги прослават ни сопствените родендени ако паднат во периодот на жалост“, вели тој.

Државата ќе го памети Ким Џонг Ил преку серија настани, вклучувајќи уметнички изложби и концерти.

Од 1994 година, Ким Џонг Ил владееше со Северна Кореја додека не почина од срцев удар во 2011 година на 69 години.