На шефовите им здодеало вработените да „бегаат од работа“ во тоалет и смислиле ново правило

Секој кој ќе каже дека не отишол во тоалет за време на смената само за да одмори малку, лаже. Сепак и за ова треба да се имаат граници и да не се злоупотребува. Една компанија приметила дека вработените сѐ почесто одат во тоалет и се задржуваат прилично долго и тоа почнало да им пречи.

Компанијата од САД ставила објава во тоалет која гласи вака: „Ако сте во тоалетот повеќе од 10 минути ќе биде извршена проверка на миризба за да се обезбеди вработениот да не седи на телефон. Ако не смрди, името на вработениот ќе биде пријавено во канцеларија.“

Сепак не се знае на кого ќе му се додели „честа“ да проверува дали смирди во тоалетите, но сепак е некаков вид на „решение“. Сепак веруваме и дека вработените сега ќе се потрудат што е можно подобро да ги „уверат“ претпоставените дека си завршиле работа.