На скопскиот таксист не му треба радио, тој своите патници ги забавува со ОПЕРА

Кога ќе влезете во такси обично очекувате некој да ви направи краток муабет за тоа какво е времето денес и да стигнете до саканата дестинација. Сепак овој таксист од Скопје има свој посебен пристап кон подобрување на расположението на своите патници.

Тој реши да го покаже својот талент и почна да пее опера. Патниците велат дека добро се расположиле и уживале во неговиот настап, кој траел за време на целото возење и позитивната енергија која им ја пренел човекот.