На социјалните мрежи се појави шокантна порака: „Добар ден. Во петокот, 20 мај, скокнав од мостот Дуга…“

На социјалните мрежи се појави шокантна порака од млада девојка од Србија која се обидела да се сам*убие фрлајќи се од мост. За среќа, таа била спасена од млад човек и девојка кои во тој момент пловеле по Дунав со чамец.

„Добар ден. Во петокот, 20 мај, скокнав од мостот Дуга. Можете ли да ми помогнете да ги најдам момчето и девојката кои ме спасија со брод? Или барем да им кажете дека сум безбедна. Ви благодарам многу”, напишала таа на Фејсбук.

Душан Илиќ

Нејзините зборови на благодарност набрзо го најдоа вистинскиот пат. Ја спасил Душан Илиќ, 27-годишен адвокат кој работи како келнер на блискиот сплав. Скромниот млад човек опиша за Телеграф што се случило таа вечер.

„Бев во чамецот со една другарка. Слушнав прскање и наеднаш ја видов главата како лебди. Веднаш пријдовме и ја зедовме девојката на бродот. Таа не можеше да зборува, но рече дека не е добро”. – се присети Душан.

Тогаш единствениот страв му бил дека таа ќе се спротивстави и нема да сака да се спаси. Но, таа била исцрпена и не пружила отпор.

„Се погриживме за неа и заминавме. Таа ме најде и ми испрати порака со благодарност и извинување. Ѝ кажав дека нема за што да се извинува или да се заблагодарува, но и дека животот е многу убав и дека ми е драго што спасив млад живот“, рече тој.

Не двоумете се да побарате помош

Доколку вие или некој ваш близок се соочувате со одредени психолошки потешкотии или едноставно сте на крстопат во животот во потрага по вистинската одлука, никогаш не двоумете се и побарајте помош и разговор.