На што сѐ ве асоцира логото на „Тесла моторс“? Откриваме 9 тајни кои се кријат позади некои од најпознатите логоа на компании
Многу од популарните логоа што ги гледаме речиси секој ден имаат мистично потекло. Во некои логоа можете да ги видите шифрираните пораки и симболи кои биле специјално направени од дизајнерите со цел да привлечат поголемо внимание на познатите брендови.
Ние денес решивме да ги откриеме тајните на некои логоата на светски познатите компании.
1. Овој човек е всушност Френк Браун
Познатиот бренд на преварен ориз и друга храна се појави на американскиот пазар во далечната 1943 година.
Френк бил забележан од сопствениците на компанијата за време на нивна вечера во хотел во Чикаго и му платиле пари за правата да го користат неговото лице како заштитен знак.
2. Тесла и јајници
„Tesla Motors“ е основана во јули 2004 година од инженерите Мартин Еберхард и Марк Тарпенинг. Името на компанијата е почит на српскиот пронаоѓач Никола Тесла.
На социјалните мрежи можете да најдете неколку различни мислења за потеклото на логото на компанијата. Некои корисници веруваат дека токму женскиот репродуктивен систем ги инспирирал дизајнерите. А другите мислат дека логото е мачкин нос, што дури и Илон Маск го потврди (на шега) на „Твитер“.
Но, всушност, логото покажува дел од електричен мотор кој бил измислен од Никола Тесла во 1883 година.
3. Бонбони во логото
Логото на популарните американски чоколади, „Hershey’s Kisses“, ја крие токму таа бонбона која личи на капка.
4. Позната слика како инспирација за логото на „Квиксилвер“
Во 1973 година, основачите на компанијата „Quiksilver“, Алан Грин и Џон Ло, биле инспирирани од дрворезот на јапонскиот сликар Хокусаи, Големиот бран кај Канагава, при креирањето на нивното лого.
5. Версаче
Логото на италијанската модна куќа „Версаче“ беше развиено во 1987 година од Џани Версаче. Познатиот моден дизајнер бил инспириран од скулптурата на Медуза Ронданини која ја отсликува трансформацијата на медуза од одвратно суштество во убава жена.
Џани Версаче ја избра Медуза за лого бидејќи таа ги терала луѓето да се заљубат во неа и немале излез. Тој се надевал дека ќе го стори истото со луѓето кои носат облека и чевли направени од брендот.
6. Дизни
Логото на „Walt Disney Pictures“ се појавува на почетокот на речиси сите филмови што ги објавува студиото. Речиси секој пат, можете да го видите замокот од бајките од приказните за Заспаната убавица и Пепелашка, кој бил инспириран од замокот Нојшванштајн во близина на германскиот град Фусен, кој му припаѓал на Лудвиг II од Баварија.
А малку луѓе сфаќаат дека не е ѕвезда што лета над замокот, туку „Тинкер Бел“ од Петар Пан.
7. Кравата што се смее
Логото на француското преработено сирење, „The Laughing Cow“, е среќна крава со обетки кои имаат слика од истата крава со истата обетка што ја имаат истата слика – и тоа продолжува и продолжува засекогаш. Ова е таканаречениот дросте-ефект што го прави логото толку мистериозно и незаборавно.
8. Логото на „НАСА“
Ова лого е дизајнирано од вработен во „НАСА“ по име Џејмс Модарели во 1959 година. Логото има референци за различни аспекти на аеронаутиката и вселенското истражување.
Тркалезната сина форма ја претставува нашата планета. Ѕвездите покажуваат простор. А црвеното крило е симбол на летање. Трагата на вселенски брод кој орбитира околу името на агенцијата е вселенско патување.
9. Лукоил
Името е комбинација од акронимот LUK (иницијали на градовите за производство на нафта Лангепас, Урај, Когалим) и зборот „нафта“.
Tesla e tesla na makedonski. I ako go gledas logoto e tesla so drska so dve secila. Tesla e makedonec. Poteklo od tikvesijata. Negovite roditeli se selat tamu nekolku godini pred toj da se rodi. Ne sme imale drzava Pa moralo da se pisime ili srbi ili bugari.
More i ti ko bugarine se poteknuvat od nas
Си ги згрешил апчињата.
Нити Милутин Тесла нити Георгина (Ѓука) Мандиќ – родителите на Никола Тесла биле од Македонија.
Татко му е свештеник, Србин од Лика, од традиционално свештеничко семејство, а мајка му ќерка на официр во австриската војска, исто така Србин.
Коментирај анонимно