На украинската Рапунзел и понудија цело богатство за да се откаже од косата
Катерина Демерс има коса долга 125 см која ја пуштала 10 години и стана живо олицетворение на чудесната Рапунзел.
Како дете, Катерина, која е од Украина, честопати била мешана за момче поради кратката коса. Но, сега таа може да се пофали со завидна должина, која секогаш го привлекува вниманието на минувачите.
Последните 10 години таа ја потстрижуваше косата на секои шест месеци за само неколку сантиметри за да ги скрати краевите. Убавината и сјајот на косата го обезбедува со миење со шампон двапати неделно. Процедурите за миење и сушењето на таквата “грива” трае два часа. Плус, таа користи регенератор за секој ден за да и изгледа косата мазна и сјајна.
Благодарение на косата, Катерина е секогаш во центарот на вниманието.
Според девојчето, таа е бомбардирана со пораки од мажи, а понекогаш и жени, кои и нудат пари за чешлање и допирање на косата. И еден германски бизнисмен дури и понудил на девојчето 17 755 фунти (25 000 американски долари) за да му дозволи да и ја скрати но таа одбила. Потоа ја зголемил цената на 355.181 фунти (500.000 долари) да му дозволи да ја избричи главата. Катерина учтиво ја одбила таквата понуда.