На велосипедист му беа потребни 9 часа за да го „нацрта“ Рудолф на мапата

Ентони Хојл, од Челтенхам реши да го разбуди новогодишниот дух и помина 9 часа на својот велосипед за да го создаде ирвасот Рудолф на мапата на неговата фитнес апликација.

Ентони возел околу 130 километри низ целиот Северен Лондон, почнувајќи од Хамерсмит и завршувајќи на патот Еустон во центарот на Лондон. Ова не е прво дело на 51-годишниот велосипедист. Тој создал и Дедо Мраз, снешко и Јоркширски Териер во Лидс.

„Јас сум прилично среќен со тоа. Додека не се вратите и не го прикачите, не сте сигурни дали ќе функционира или не. Живеам во село и многу е различно кога доаѓам во Лондон. Особено околу Неасден и Вембли, не е најпријатното возење со велосипед.“, вели Ентони.

Луѓето сега се навикнати на неверојатните слики на Ентони, што тој се чувствува како да треба да прави по некоја секоја година. Ентони всушност признал дека направил грешка на неговиот ирвас поради GPS-проблем, но тој сака луѓето да се обидат сами да го забележат … ако можат.