На вонземјаните нешто не им е јасно (виц)

Доаѓаат вонземјани на Земјата за да ги запишаат луѓето во „Листата на интелигентни цивилизации“. Прашуваат:

– Зошто при такво изобилие на храна и вода на вашата планета, многу луѓе гладуваат и немаат вода?
– Нема пари за да им се обезбеди.

– Зошто имате толку многу празни станови, а толку многу бездомници?
– Немаат пари.

– Зошто планетата ви е толку загадена?
– Нема пари за да ги средиме работите.

– Зошто има толку многу пациенти кои можат да бидат излекувани, а не се?
– Нема доволно пари за операции.

– Колку оскуден ви е тој ресурс пари. Жално е што толку многу ви недостига за да живеете норламално. Но, ние можеме да ви помогнеме. Кажете на која планета го има да ви го донесеме.
– А нема потреба, ние сами си ги печатиме парите.

И вонземјаните ги чкртнале луѓето од списокот.