На врвот на скалата и поранешна членка на СФРЈ: Десетте најбезбедни земји во светот
Просечното ниво на глобалниот мир се влоши во 2021 година за 0,07 отсто. Ова е заклучокот на Институтот за економија и мир, кој секоја година објавува извештај за глобалниот мир во светот, познат и како Глобален индекс на мир.
За да ги собере најбезбедните земји во светот, Институтот за економија и мир анализира фактори како што се процентот на криминал во една земја, нејзината воена подготвеност, колку домашни и меѓународни конфликти има и слично.
Според нивните анализи, Исланд минатата година бил најбезбедна земја во светот. Земјата има високо место на оваа скала од 2008 година благодарение на недостатокот на меѓународен конфликт, малите суми што ги троши за воени цели и нискиот процент на луѓе кои завршуваат во затвор.
На второто место на листата на најбезбедни места во светот е Нов Зеланд, кој нема копнени граници со други земји како Исланд, што им помага да го задржат својот мирољубив статус на глобалната сцена.
На скалата главно доминираат земји со европско потекло како Данска, Португалија, Австрија, Швајцарија, Ирска и Чешка, а интересно е да се забележи дека Словенија го има високото петто место.
Македонија се наоѓа на 40-тото место, а Србија е зад нас на 44-то место, како и Албанија на 48-мото место, додека од соседите Грција се најде во портокаловата зона на 66-тото место. Бугарија е на 27-мото место.
10 најбезбедни земји во светот во 2021 година според Глобалниот индекс на мирот:
- Исланд
- Нов Зеланд
- Данска
- Португалија
- Словенија
- Австрија
- Швајцарија
- Ирска
- Чешка република
- Канада