На жена ѝ ја украле Теслата, но таа успеа да ги фати крадците со помош на мобилниот

Запознајте ја Анабел Брет од Канбера. Таа работи како радио водител и вози Тесла Модел 3. Еден ден на нејзиниот смартфон дошла порака дека се активирал алармот. Таа излегла надвор и сфатила дека автомобилот е украден. Тесла може да се отклучи со помош на картичка или апликација од мобилен, а Анабел сфатила дека кражбата била испланирана затоа што крадците ги отстраниле телефоните на нејзиниот вереник и татко ѝ од системот, но не и нејзиниот. Сепак, апликацијата има можност да го лоцира автомобилот. Така таа викнала полиција и заедно со пријателката тргнале во потера пон автомобилот. Нервозните крадци дури и си ја изгубиле возачката во автомобилот, а и самиотн автомобил ги фотографирал кога се обидувале да влезат во системот.