На жена ѝ здодеало да ѝ ги крадат порачаните пакети, па одлучила да им одржи лекција на крадците
Постојат неколку начини да се справите со крадците; можете да повикате полиција и да ги оставите да се справат со тоа, или, како една жена во Канада, да ги преземете работите во ваши раце со тоа што криминалците ќе зажалат за своите постапки.

Лори Прингл, од Хамилтон, Онтарио, била жртва на бројни кражби во последните три години. Сторителот не ризикува да биде фатен влегувајќи внатре во куќата, но наместо тоа се фокусира на пакети што доставувачите ги оставиле на тремот.

Бидејќи нејзиниот дом се наоѓа на главната улица, кражбите биле прилично чести. Жената оставила и знак за доставувачите за заѕвонат на видео ѕвончето, но многу од нив не го забележувале и не го читале знакот.
Лори не била единствената мета на крадците, истото се случувало и кај соседите. Така еден ден таа решила да им подготви мало изненадување.

Жената го испразнила песокот на мачката каде што таа си вршела нужда и го спакувала во кутија, а кутијата ја оставила пред својата врата за да изгледа како да ѝ е доставена. И како што очекувала биле потребни само 40 минути за кутијата да ја снема од пред нејзината врата.

Таа го фатила крадецот на камера и иако не знаат кој е нејзините соседи потврдиле дека истиот човек ги крадел и нивните пакети.
