На жешките денови им нема крај, а еве како светот се „справува“ со високите температури

Меѓународен тим експерти за клима познат како World Weather Attribution го анализираше топлотниот бран кон крајот на јуни во северозападниот дел на Пацификот на САД и дојде до прелиминарен заклучок дека станува збор за настан кој се појавува еднаш во 1000 години.

Но страдаат и другите континенти. Во Европа, на пример, голем шумски пожар ја пустошат Грција, а во некои делови од Македонија сe` уште се присутни огнените јазли кои предизвикуваат големи штети.

Ги собравме овие фотографии кои покажуваат како топлото време ги затекна луѓето (и животните) ширум светот.