На жената ѝ успеа да направи една неверојатна и срцезатоплувачка фотографија од своите миленици

Сите знаеме како е кога ќе се обидете да го фотографирате вашето маче или куче и тие веднаш потоа се поместуваат и добивате цела галерија од матни фотографии.

Излезе дека сите сме само дебитанти во играта со миленичиња: Кети Смит е шампион. Корвен, Велс, Кети има осум кучиња – Руби, Бен, Макс, Шеба, Теди, Рио, Бура и Мишка – и девет мачки, заедно со четири папагали, неколку риби и бебе еж.

Еден ден, Кети – која спасува и се грижи за домашни миленици и други диви животни кои имаат потреба од тоа решила да ја направи најдобрата фотографија од нејзините миленици.

По неколку фотографии направени за загревање сопственичката на домашни миленици сфатила дека кучињата лесно ќе ги намести, но мачките биле проблем. Таа првин ги викнала кучињата кои седнале мирно, но откако ги викнала мачките и тие дошле, не можеле да седнат на едно место.

Сепак трпението и трудот се исплателе бидејќи таа ја направила „совршената фотографија“ од своите миленици.