Начинот на кој Дубаи се справува со жештините покажува дека е 100 години пред сите други

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) имаат просечни врнежи од само 10 mm и често гледаат температури до 50° C, па затоа оваа земја се сврте кон технологијата за промена на ова.

Неодамна беше објавено дека ОАЕ финансирале проект со кој беспилотните летала ќе можат да го контролираат времето и од изгледот на неодамнешните сцени во Дубаи, тоа функционира.

Земјата плати 15 милиони долари за девет различни проекти за зголемување на дождовите, дел од нив беа дадени на Универзитетот во Ридинг, кои стои зад создавањето на беспилотни летала за контрола на временските услови.

Што се однесува до тоа како работат беспилотните летала, тие пуштаат електричен полнеж кој потоа ги полни капките во облаците. Според научниците, ова полнење прави капките  да паѓаат како дожд.

Кери Никол, една од главните истражувачи на проектот, објасни:

„Она што се обидуваме да го сториме е да ги направиме капките внатре во облаците доволно големи, така што откако ќе паднат од облакот ќе успеат да сигнат до површината“.

Дубаи беше прв на списокот каде што беспилотните летала требаше да бидат пробани и тие успешно создадоа силен дожд во градот.

Обично во овој период од годината, Дубаи гледа максимум од 41° C проследено со нула дождовни денови.

Неколку видеа се споделени на Инстаграм за да го демонстрираат успехот на беспилотните летала и, на прв поглед, не би помислиле дека видеата се снимени во Дубаи.

 

Имајќи ги предвид големите врнежи од дожд, возачите се предупредени да бидат внимателни на лизгавите патишта.