Над 100.000 луѓе го посетија музичкиот фестивал Лолапалуза во Чикаго, а еве дел од атмосферата

Ова е најголемиот настан во Чикаго од почетокот на пандемијата, а услов за посета на фестивалот беше негативен тест или доказ за примена вакцина.

Музичкиот фестивал Лолапалоуза прикажува алтернативни, хеви метал, хип-хоп и панк рок бендови. Покрај тоа, фестивалот обезбедува платформа за промоција на непрофитни организации и политизирани групи.