Над 20 татковци решија да ја покажат својата „нежна страна“ и за позираат за хуманитарен календар

Уникатна и инспиративна фотосесија, која вклучуваше 21 татко, 1 недела работа, 12 конечни фотографии, многу шминка, сјај и фустанчиња. Ова е календарот на „Разиграни татковци за 2020 година“. Фотографот Филип Гирелински, кој по потекло е од Полска добил идеја како да направи интересен, срцезатопливачки и смешен календар кој луѓето со задоволство би го купиле.

Татковците секогаш се гледаат како „посилната и посериозната“ фигура така што овој календар дефинитивно буди позитивни чувства. Сите средства кои ќе се соберат од продажба на календаро ќе бидат донирани за болните од рак во Велика Британија.