Над 200 станари бескрајно му се благодарни на овој станодавец кој направи нешто неверојатно во овие тешки времиња

Поради ситуацијата со коронавирусот низ светот луѓето гледаат да заштедат колку што можат за да имаат доволно за храна и лекови. Сепак многу луѓе немаат свои домови и живеат под кирија, па ова е уште еден трошок на кој треба да мислат.

59-годишниот Марио Салерно од Бруклин поседува околу 80 станови и во нив живеат над 200 станари. На него му е јасно колку ситуацијата е тешка па затоа решил колку што може да им ги олесни животите на овие луѓе.

Марио објавил знаци на влезните врати од неговите згради објавувајќи дека целосно се откажува од кириите за месец април. Тој вели дека се одлучил на ваков потег, затоа што сака станарите тие пари да ги искористат за да купат храна.

Во известувањето, објавено на влезната врата на сите негови 18 згради, се вели: „Ве молиме имајте во предвид дека се откажуваме од киријата за месец април 2020 година.“ Марио, кој исто така е сопственик на локалниот авто-сервис има стекнато добар углед во својата заедница и сите го опишуваат како „најљубезниот човек кој некогаш го запознале“.

Еден од станарите на Марио, Кајтлин Гутески, се загрижила како ќе ја плати киријата откако ѝ го затвориле фризерскиот салон. Сега има еден голем трошок помалку и таа за Марио вели: „Тој е Супермен. Тој е прекрасен човек.“ Марио прими слични рекации од останатите станари, како и од луѓето низ светот коисе воодушевија на неговата одлука.