Над 300.000 денари за секое дете да добие новогодишно пакетче! Хумани Македонци ќе стоплат многу детски срца на иницијатива на Вик од Охрид

Новогодишните празници треба да се удобни и среќни моменти за секое детенце. Сите треба овој период да ги асоцира на среќа, подароци и Дедо Мраз. Иако во изминатата година имаше многу мрачни моменти насмевките на многу дечиња ќе направат да се чувствуваме исполнето.

Овој пат за насмевките се задолжени Вик познат како „wikkkrot“ на Инстаграм, Дарко Влогс и многу други хумани луѓе кои започнаа едноставна иницијатива која ќе им го разубави периодот на илјадници дечиња.

Акцијата „Пакетчиња за сите дечиња“ се одржа и минатата година, но оваа година се со многу поголемо засилување. Само за еден ден на страната на Go fund me креирана од Дарко Влогс се собрани над 6.000 долари и овој износ постојано расте. Вик ги поканува сите бизниси и фирми да одвојат мала сума од своите буџети и да помогнат многу дечиња да ја дочекаат годината што доаѓа со насмевка.

„Пакетчиња за сите дечиња, Сезона 2!

Пред да објавам,ми се јавија добри луѓе зошто РАЗБРАЛЕ само добри зборови за ланската акција и се приклучија за да израдвиме уште појќе дечиња годинава!
Благодарност до Complex Mizo и моите пријателчиња Штеф од Охрид и Даниел, охриѓанец во странство а и до анонимната женска кои први го подржаја проектот “Пакетчиња за сите дечиња”!
– ВО ПРВИОТ ДЕН СОБРАВМЕ 197 ПАКЕТЧИЊА(на необјавено) а да ве потсетам лани ПОДАРИВМЕ околу 2000 пакетчиња.-

Со ова ве повикувам сите да бидете хумани,неморат преку мене,ами да дајте онаму кај шо требит за да се радвет најмладите во овие тешки и црни времиња…..

Исто така вечна благодарница до вториот чоек на овај проект Никола Ристески кој е тука до мене во сите Хумани Акции !

Акцијата до 4-тиот ден стигна до 750 пакетчиња со шо има надеж да го рушиме ланскиот рекорд.“ , пишува Вик на својот Инстаграм профил.

Доколку сакате да донирате можете да го направите тоа на линкот ТУКА.