„Надарено“ мажиште се сонча на плажа (виц)

Си лежи еден маж на плажа. Се оптегнал на грбот, рацете под глава, стегнал бицепс, а купачите му набабреле. Се приближува една дама и го прашува, вцрвувајќи се:
– Извинете господине, може ли да ве честам нешто?
– Да, една ракија – покажува тој на блискиот бар.
Дамата му ја носи, а тој пивнува од ракијата, вади краставица од купачите и каснува со ракијата!
– Простак!!!
– Простак, простак, ама трета ракија веќе пијам!