Надеж за зависниците? Кинезите имплантираа чип против алкохол – за првпат во светот

Во Кина беше извршен првиот успешен експеримент со вградување на „чип против алкохол“, кој може да помогне во лекувањето на зависноста. Еден маж кој пател од хроничен алкохолизам повеќе од 20 години, беше подложен на едноставна интервенција што траеше само неколку минути.

 

Надеж за зависниците? Кинезите имплантираа чип против алкохол – за првпат во светот

Како функционира имплантот?

Имплантот се состои од десет мали капсули, со големина на зрно од соја, кои се вметнуваат под кожата во абдоминалната празнина преку засек од само еден сантиметар. Секоја капсула содржи налтрексон хидрохлорид – активна супстанција што постепено се ослободува во крвта и го блокира чувството на задоволство при консумирање алкохол.
Лекот почнува да делува речиси веднаш и обезбедува ефект што трае со месеци. Со оваа метода, пациентите избегнуваат болни симптоми при повлекување од алкохол, како анксиозност, тресење на рацете и општо влошување на здравјето.

 

Како функционира имплантот?

Нови можности во борбата со зависноста

Пациентот во експериментот пиел повеќе од половина литар жесток алкохол дневно. По интервенцијата, се почувствувал значително подобро. Научниците веруваат дека оваа технологија не само што ја намалува физиолошката зависност, туку и им помага на пациентите да го контролираат своето однесување.
Иако слични методи биле тестирани и претходно, овој случај според експертите покажува најголем потенцијал досега.

 

Нови можности во борбата со зависноста

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *