Надлежните ја најдоа „тајната порта“ преку која се шверцува дрога од Мексико во САД

Тунел долг 60 метри откриен под границата на Мексико со САД најверојатно е дел од масивната операција за шверц на дрога, соопштија властите.

Тунелот, кој е 7 метри под земја и се протега од Мексикали во мексиканската област Баја Калифорнија, северно преку границата со Калифорнија, беше откриен оваа недела од истражителите за домашна безбедност и под-дивизијата за имиграција и царински раобти.

Тунелот, наводно, немал излез од страната на САД, и започнал со изградба во Мексикали. Истражителите рекоа дека „софистицираниот“ тунел е добро опремен со струја, вентилација, како и железнички пруги за да се турка количка и електрична дигалка.

Во соопштение агентот за безбедност, Кардел Т. Морант, рече:

„Овие типови тунели им овозможуваат на трговците со дрога да спроведуваат недозволени активности преку границата меѓу САД и Мексико. Откривањето и затворањето на овие тунели им задава голем удар на организациите за трговија со дрога, бидејќи им ја ускратува можноста да шверцуваат дрога, оружје и луѓе преку граница“.