„Наежувањето“ има важна функција во нашите тела, а неодамна тоа го потврди и науката

Дури и ако се чини дека морниците/наежувањето не се ништо повеќе од реакција што ја оставиле нашите предци, излегува дека сè уште ни се потребни, и на крајот на краиштата, можеме да имаме корист од нив. Благодарение на љубопитноста на научниците, заедно со нивното знаење и истражување, конечно знаеме зошто сè уште се „ежиме“.

Во минатото наежувањето ни ги спасувало животите

Бидејќи температурата на околината се намалува, мускулите што ги опкружуваат фоликулите на влакната предизвикуваат т.н ежење. Ова предизвикувало да им е потопло на нашите предци. Исто така ги заштитувало од грабливци, затоа што кога ќе се наежат влакната од адреналинот изгледале пострашни.

Неопходно е за растот на косата

Денес, научниците потврдија дека нервите навистина ги таргетираат матичните клетки и нервниот систем што нормално се активира на ниска температура со цел да се регулираат функциите на телото. Оваа активност ги задржува клетките во состојба што е подготвена за регенерација. Значи, кога подолго време сме изложени на студ, нервите се активираат на повисоко ниво и се ослободуваат повеќе сигнали.

Продолжената изложеност на ниски температури е клучна во тоа што активира брза регенерација на нашата коса, значи растеме нови нишки. Сепак, мостот помеѓу мускулите и клетките на фоликулите на косата, исто така, го создава истиот ефект, но за кратко време и го активира растот на косата на долг рок.

Истите клетки се одговорни за залечување на рани

Повеќето од нашите органи се направени од 3 различни ткива. Сепак, во нашата кожа, овие ткива се организираат на поинаков начин. Нервот е поврзан со мазни, ситни мускули. Ова помага во регулирање на рамнотежата на хемиските и физичките функции на вашето тело. Плус, тој реагира и на стимулациите на животната средина, исто така.

Овој мускул ги поврзува и матичните клетки, кои не се само клучни за растење на нова коса, туку ги поправа и раните. Всушност, колку повеќе клетки има, толку подобро заздравување ќе има. Ова е причината зошто, во повеќето случаи, кога е потребно парче кожа за медицински донации, се зема од скалпот.

Мускулите делуваат како мост за поддршка

На крајот, истражувачите се обидоа да го отстранат мускулот од целата слика за да видат дали сè уште можеме да се наежиме, да растеме коса, па дури и да лекуваме рани без него. Меѓутоа, откако ја прекинале врската помеѓу мускулот и фоликулот на косата, нервот се вратил и се изгубила врската со косата. Ова потврди дека мускулот е, всушност, важниот мост помеѓу нервите и косата.