Најбогатиот готвач на светот вреди вкупно колку Гордон Ремзи и Џејми Оливер заедно – ниту КОВИД не успеал да го осиромаши
Најбогатиот готвач на светот вреди повеќе од Гордон Ремзи и Џејми Оливер заедно.
На листата на најбогати ТВ кулинари, Џејми Оливер се наоѓа на третото место со богатство од 285 милион долари. Гордон Ремзи е на второто место со нето вредност од 208 милиони долари и годишна плата од околу 66 милиони долари.
И покрај неговата империја на ресторани и телевизиски шоу програми, „Форбс“ го постави Ремзи на 19-то место на листата на најплатени славни личности во 2020 година. На второто место на најбогатите кулинари е братот на шефот на „Тесла“, Илон Маск, Кимбал Маск. Кимбал има и свој ресторански бизнис и се појавувал во ТВ шоута како „Chopped” и „To Dine For” со Кејт Саливан. Неговото богатство се проценува на 500 милиони долари, но ни братот на Илон Маск не успеал да го победи најбогатиот готвач на светот.
Првото место го зазема американскиот шеф-кувар Алан Вонг, познат по хавајската кујна. Алан бил гостин на американското ТВ шоу „Top Chef”, каде натпреварувачите го правеле неговиот роденденски луау. Тој дури и готвел за претседателот Обама на годишниот пикник на Конгресот во Белата куќа.
И покрај затворањето на сите негови ресторани, вклучително и последниот, „Alan Wong’s King Street” во Хонолулу, поради пандемијата на Ковид-19, тој успеал да собере неверојатно богатство од 1,1 милијарда долари. Ова е благодарение на неговите појавувања во шоута како „The Best Thing I Ever Ate”, „Taste of Hawaii” и „At the Table With…”.
Коментирај анонимно