Најбогатите жени во криминалниот свет – живот исполнет со дрога, убиства и интриги
Иако криминалниот свет традиционално се поврзува со мажи, постојат жени кои се искачиле на неговиот врв, создавајќи огромни богатства. Ова се трите најбогати криминалки во историјата, чии приказни се полни со интриги, насилство и финансиски манипулации.
Содржина:
„Кралицата на злото“ – Леона Хелмсли
Леона Хелмсли стекнала репутација на безмилосен деловен магнат, позната по својата ароганција и манипулации. Со својот сопруг, таа изградила империја во недвижностите, вклучувајќи го и Емпајр Стејт Билдинг. Позната е по изјавата дека „даноците се за обичните луѓе“, што подоцна ќе ѝ донесе осуда за затајување данок. Во 1989 година е осудена на 16 години затвор, но издржала само 4. Последните години од животот ги поминала во изолација, опкружена со правни битки и скандали.
„Кумата на кокаинот“ – Гризелда Бланко
Гризелда Бланко, позната како „Црната вдовица“, била една од најмоќните жени во нарко-картелите. Во 70-тите и 80-тите години таа контролирала огромен дел од трговијата со кокаин во САД, со богатство проценето на половина милијарда долари. Одговорна за стотици убиства, таа вовела нови методи на елиминација на ривали. Во 1985 година била уапсена и осудена, но продолжила да ја води својата империја од затвор. По 20 години затвор, била депортирана во Колумбија, каде што во 2012 година била убиена – иронично, со метод што самата го вовела.
Евгенија Василева – од политичка моќ до корупциски скандали
Евгенија Василева била високо позиционирана во руското Министерство за одбрана, сè до 2012 година кога станала централна фигура во огромен корупциски скандал. За време на истрагата во нејзиниот дом биле пронајдени милиони рубљи, скапоцености и уметнички дела. Осудена е за проневера на милијарди рубљи и осудена на пет години затвор, но била ослободена по само неколку месеци. Денес, Василева се претставува како независен уметник и член на Руската академија на уметностите.
Коментирај анонимно