Најчистиот воздух во Европа: 10 градови каде што можете „слободно да дишете“

По повеќе од една година различни карантини и носење маски, сите сфативме дека некои работи ги земаме здраво за готово, а една од нив е – дишење чист воздух на отворено. Сепак, за жителите на некои урбани области, особено големите градови, тоа може да биде луксуз. Ок, јасно е дека има многу смог и индустрија, но и топлотните бранови значително го влошуваат проблемот со загадувањето на воздухот.

Според Европската агенција за животна средина (ЕЕА), изложеноста на ситни честички (загадувач на воздухот што е главна причина за кардиоваскуларни и респираторни заболувања, доведе до повеќе од 400.000 предвремени смртни случаи во Европа во текот на 2016 година).

ЕЕА е добро свесна дека загадувањето на воздухот не е само закана за здравјето, туку и значаен критериум за животот на многу луѓе, а воведена е можност за проверка на квалитетот на воздухот на секои две години.

Но, каде е најчистиот воздух во Европа?

ХаусФреш, компанија со седиште во Обединетото кралство, која ги проценува средствата за чистење на воздух во домови, го проучуваше извештајот на швајцарската технолошка компанија IQAir за глобалниот квалитет на воздухот за 2020 година и ги рангираше земјите и градовите врз основа на нивоата на концентрација на фини честички. Значи, листата со 10 -те европски градови со најчист воздух изгледа вака:

10. Шакијаи (Литванија)

9. Корте (Франција)

8. Нојшател (Швајцарија)

7. Алмерија (Шпанија)

6. Умеа (Шведска)

5. Криф (Шкотска) и Енискилен (Северна Ирска)

4. Fundao (Португалија)

3. Виелсалм (Белгија)

2. Бодо (Норвешка)

1. Муонио (Финска)