Најчудната работа што ќе ја видите денес: Суштество налик на вонземјанин се појави на плажа во Австралија. Па, каде на друго место…
Корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од суштеството налик на „вонземјанин“ кое се појави на плажата во Австралија, при што некои го нарекоа „најчудното нешто што некогаш го виделе“.
„Никогаш не сум видела нешто вакво!“ напиша Вики Еванс, жената која го пронашла суштеството, во објава на Фејсбук заедно со фотографија од него. „Природата секогаш изненадува!“
Таа наидела на чудната морска појава додека шетала по плажата Хорсшу Беј во Порт Елиот, Јужна Австралија.
Еванс објавила фотографии од овој морски феномен кој има издолжена форма, исполнета со желатинозни, тенки реси кои завршуваат со мали школки налик на мали „перли“.
Многу корисници на Фејсбук биле збунети од овие необични „пипала“, па еден коментар гласел: „Можеби ова е најстрашното нешто што сум го видел!!“
„Изгледа доста долго ако судиме според кучето до него,“ додал друг, осврнувајќи се на кучето кое љубопитно го мириса суштеството на фотографијата.
Сепак, „вонземјаните“ се испоставија како гускасти морски школки (goose barnacles) — вид морски ракчиња кои се прикачуваат за предмети што пловат, на пристаништа, па дури и на бреговите, како што е случајот со овој примерок.
Морската екологистка од Универзитетот во Јужна Австралија, д-р Зои Даублдеј, била изненадена од големината на групата школки и верува дека оваа „колонија“ се одделила од некоја голема конструкција и пловела додека не се појавила на брегот.
„Никогаш не сум видела нешто вакво. Мислам дека е дел од стар столб или дел од морска конструкција кој бил долго време во вода за да собере толкава маса школки,“ рече научничката. „Очигледно било таму подолго време.“
Иако личат на остриги и школки, овие морски жители се поблиски роднини на јастози и краби, објаснува Даублдеј. Тие имаат мали нозе во внатрешноста кои ги користат за филтрирање на планктон и друга храна од водата.
Слично на јастозите и крабите, овие школки се сметаат за деликатес, особено во Португалија и Шпанија, каде што се нарекуваат „персебес“ и често се служат со растопен путер.
Овие филтрациски морски жители се едни од најскапите морски плодови во светот, достигнувајќи цена до 125 долари за килограм, како некое „гускино златно јајце“, ако може така да се каже.
Коментирај анонимно