Најчудните комплименти што ги добиле жените некогаш и немале идеја како да реагираат

Ја разбираме важноста на комплиментите, но не зборуваме често за нив. Експериментот покажа дека само 50% од луѓето кои напишале комплимент за пријател навистина го испратиле. Ајде почесто да си кажуваме убави работи, дури и ако звучат чудно.

Ние би сакале да ве потсетиме дека сте убави и ви покажуваме 10 смешни комплименти кои луѓето ги споделија на Интернет.

 

1.

„Крајниците ти изгледаат преубаво! Ако имаше уште едни само за да можам да ги чувам како медицински примерок во мојата канцеларија!“

Го сменив докторот следната недела..

2.

„Ми се допаѓа маицата што ја носиш. Прави да изгледаш посилно од тоа што реално си“.

3.

Еден чуден дечко во ноќниот клуб ми рече дека му се допаѓа мојата коса бидејќи го потсетува на сестра му. После тоа се обиде да ме бакне. Чудна ноќ.

 

4.

Еден непознат човек на забава ми пријде и ми рече: „ Ми се допаѓа твојата убава структура на коски мој мил цвету“.

5.

„Знаеш што, сега кога знам дека имаш дечко немам проблем да ти го кажам ова. Ме привлекуваш. Дефинитивно не физички, нормално ме привлекуваат позгодни девојки од тебе. Но имаш одличен карактер. Многу интересен карактер поради кој ми се допаѓаш иако не си доволно згодна за да бидеш мој тип“.

6.

„Многу си убава. Твојата фасцијална структура е слична како на жабите“.

 

7.

Еднаш еден дечко ми кажа дека изгледам на дебела Анџелина Џоли.

8.

Седиме на час во средно и дечкото што седи до мене одеднаш се наведна накај мене, ми ја мирисна косата и направи задоволувачка воздишка. Пред да можам да изреагирам, девојката од другата страна го погледна и рече: „Мириса многу добро нели?“

 

9.

„Имаш кул лево уво“

Се што можев да помислам беше: „Па, тоа не е во ред со десното?“

10.

За крајот на годината на часот по Англиски јазик, правевме листа на комплименти. Анонимна личност го напиша ова на мојата листа: „Изгледаш изгубено цело време смешно е!“ Не знам што да мислам за овој комплимент…

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *