Најчудните моменти од реалното шоу „Extreme Sisters“: Близначките кои делат ист маж се решија да го зачинат шоуто со еден заеднички туш

Реалното шоу TLC Extreme Sisters низ годините виде неколку прилично шокантни признанија, вклучувајќи близначки кои се обидуваат да забременат во исто време… и од истиот маж

За австралиските близначки Ана и Луси Десинке, споделувањето дечко значи „двојно задоволство“. Тие редовно споделуваат видеа со нивниот партнер Бен Бирн, и двете го бакнуваат во исто време и го делат креветот со него. Дури и ги запросил двете сестри во 2021 година.

 

Ана и Луси велат дека мислат една за друга како една обединета личност и дека прават се исто – од тоа како се облекуваат до тоа што јадат.

Можеби не е премногу чудно за младите сестри да се капат заедно, но штом ќе стигнете до одредена возраст, тие навики имаат тенденција да престанат ФАЛА БОГУ. Но, не и за Ана и Луси, кои заедно се тушираат и си помагаат убаво да се истријат.

 

Сестрите во емисијата на TLC објаснија: „Заедно се будиме, заедно се тушираме, во исто време одиме во тоалет. Во минатото споделувавме работа. Тоа функционираше, но само една од нас добиваше плата, а една од нас волонтираше. Барем бевме заедно!“

Придружното видео ги прикажува заедно голи под туш, како се тријат ра една врз друг додека се обидуваат да се исчистат, пред да одат заедно во тоалет.

Исто така и близначките Џесика Дунагана и Кристина Менинг, уживаа во „духовна“ гола бања додека се подготвуваа за породувањето на Кристина во вода.

Додека голата Кристина седеше во када, Џесика рече: „Мислам дека треба да се разголам. Да бидеме и двете духовни. Сепак, имам менструација“. Нејзината сестра ѝ рекла да стави тампон.

 

Исповед за пластична хирургија

 

Сестрите Десинке признале дека ако едната од нив направи пластична операција, мора и другата. Двојката заедно поминала низ третмани за полнење усни и ласерски процедури, но признале дека „зажалиле“ што фрлиле 250.000 долари за комбинираните процедури.

Двојна понуда за бременост

Ана и Луси честопати ги нарекуваат „најидентичните близначки на светот“ – и тие ја исполнуваат таа етикета барајќи од момчето Бен да ги оплоди и двете во исто време.

Во едно жестоко видео, парот се пикна под чаршафите заедно со нивното момче, изјавувајќи: „Ајде, да почнеме да правиме бебиња!“ Додека Бен стана од кревет по добро завршената работа за да се напие вода, двете девојки лежеа со нозете кренати до ѕидот за да ги максимизираат шансите да забременат.

Бен призна дека е „голем притисок“ да се обидат да ги забременат двете жени одеднаш – но се чини дека тој е подготвен за предизвикот.

Со тројца е потопло

Додека сестрите Брук и Бејли сè уште го делат креветот една со друга… и покрај тоа што едната е во брак. Брук се омажи за сопругот Денвер, кој не беше премногу задоволен што Бејли е во кревет покрај нив „три од последните четири ноќи“.

Но, Брук призна: „Кога бевме деца, без разлика каде бевме, Бејли и јас секогаш го делевме креветот. Тоа беше само еден наш безбеден простор“. Кога Денвер ѝ ја искажал својата загриженост на сопругата, Брук му предложила да спие во средината меѓу нив две.

Тој само се налути: „Не е тоа поентата“. Брук призна дека треба да се одвои од сестра ѝ, но тоа е толку тешко“

  • Manijak напиша:

    Ovaa e toa sovrsenstvo za mene motika me prosvetluvate ve molam povekje vakvi tekstovi

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *